Избран најдобриот претприемач во светот за 2017 година

36

murad-al-katib

Фото: Broadcast.ey.com

Мурад ал Катиб, претседател и главен извршен директор на AGT Food and ingredients, ја доби наградата EY Претприемач на годината, пишува Broadcast.ey.com.

Катиб, кој по потекло е од Канада, ја доби оваа награда во конкуренција на 59 претприемачи од 49 земји.

“Длабоко сум почестен што го добив ова признание. AGT е посветена на градење на успешен и оддржлив бизнис. Со преземање ризици и со осмислување на нов пристап во индустријата, прераснавме во одговорна компанија што го менува земјоделскиот сектор во Канада“, изјави Катиб на доделувањето на наградата што се одржа во Монако.

Тој ја формираше својата компанија во 2003 година, којашто денес има најголем удел во светски рамки во понуда на леќа, наут и грашок.