Избрани 10-те најуспешни жени менаџерки за 2019 година

992

Агенција Марили ги избра најуспешните жени менаџери за 2019 година. Ова е 24-ти избор и промоција на жената во бизнисот. Оваа топ 10 ја сочинуваат:

Мерита Рамадани Алими, Директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје

Маја Бабиќ, Извршен и оперативен менаџер во Баги Комуникации – Скопје 

Татјана Дејаноска, Директор на продажба во Циклама инженеринг – Гостивар

Д-р Даниела Димитрова, Сопственик на Центар за дентална и естетска медицина Перла – Скопје

Наталија Дренковска, Менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија

Олга Јосевска, Оперативен менаџер во Comodita Home – Македонија

Даниела Китанова, Менаџер на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group

Магдица Костадинова, Извршен менаџер на Еуро Консалт Плус – Скопје и ЕКП Травел – Скопје

Марија Кукуновска, Генерален менаџер на Биспаг противпожарна техника – Скопје

Жанета Џафер, Генерален менаџер на козметичко – фризерско студио Жанета Естетик

Изборот е направен според веќе воспоставените критериуми – избираме од успешни приватни компании од различни области и дејности од целата држава. Менаџерките беа воглавно препорачани од нивни деловни колеги и партнери како успешни менаџери, но и личности со високи морални вредности. Притоа, беше почитувана личната согласност на менаџерките да бидат дел од овој избор.

Манифестацијата Избор на топ 10 најуспешни жени менаџери е најстара на Балканот и е високо етаблирана во општеството и медиумски одлично поддржана. Промоцијата на лауреатките ќе продолжи на веб порталот на агенција Марили www.marili.com.mk каде тие ќе бидат претставени со нивни интервјуа и видео материјали, а свеченоста и доделувањето на признанијата ќе се одржи откако ќе биде надмината ситуацијата со ширење на заразата од вирусот Ковид-19.