Избрани идејните решенија за изгледот на плажите во Дојран и Преспа

154

6efffa07-c269-4d82-a67c-0525149b0934Граѓаните ги избраа новите девет идејни решенија за футуристички изглед на плажите во Дојран и Преспа.

Според резултатите од електронското гласање, за идејно решение за плажите Граница, Титови пионери, Калдрма, Карач, Градска плажа и Стара Мрдаја на Дојранско Езеро, од вкупно 1.492 гласови, идејното решение број 1 доби најмногу или 49% од вкупниот број гласови.

За идејно решение за плажите Коњско, Претор, Крани, Отешево и Сливница на Преспанско Езеро, од вкупно 1.919 гласови, најмногу гласови доби идејното решение број 3, односно 45% од вкупниот број гласови.

Во наредниот период Министерството за транспорт и врски ќе донесе решение за доделување на прва и втора награда, како и за откуп на останатите идејни решенија.

dojran

Со решенијата опфатени се локациите на Дојранското Езеро Граница Николиќ, со должина од 100 метри Калдрма – 200 метри, Карач – 100 метри, плажа кај одмаралиште Титови Пионери – 150, Стара Мрдаја – 400 метри и плажите бр. 7,8,9 и 10 во централното градско подрачје со вкупна должина од 400 метри.

На Преспанско Езеро се опфатени локациите Крани со должина од 500 метри, Отешево – 100 метри, Коњско – 200 метри, Сливница – 100 метри и Претор во централното подрачје со должина од 500 метри.

dojran_07

Основното начело што се бараше на конкурсот, при изработка на архитектонско-идејното решение, беше концептот на заштитата на природната средина и зачувување на автентичноста на некои од обележјата, специфични за тој регион.
dojran_08