Избришани 54 милијарди долари вредност: Бернард Арно падна на листата на најбогати луѓе во светот

66

„Сè додека не сум најбогатиот човек на светот, нема да бидам многу среќен“, изјави еднаш Бернард Арно.

Дојде тој ден. Арно (75), основач и извршен директор на конгломератот за луксузни стоки LVMH, од најбогат човек на светот стана петти, откако цената на акциите на неговата компанија падна за 20%, што резултираше со намалување на неговата нето вредност од 54 милијарди долари.

Французинот, кој надгледува десетици престижни брендови, вклучувајќи ги Moët Hennessy, Louis Vuitton, Dior, Givenchy и Fendi, беше проценет на 231 милијарда долари на крајот на март, според индексот на милијардери на Блумберг. Тоа го стави пред извршниот директор на Tesla, Илон Маск, основачот на Amazon, Џеф Безос и извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг.

Овој понеделник, Арно вредел 177 милијарди долари. Тој сега се рангира пониско од секој од наведените технолошки магнати, плус ко-основачот на Oracle, Лери Елисон.

Во изминатата година, акциите на LVMH паднаа за над 16% и моментално се тргуваат со околу 132 долари по акција, при што Aрно поседува околу 48% од луксузниот конгломерат.

Од почетокот на 2024 година, нето вредноста на Арно се намали за 30 милијарди долари, што го прави најголемиот губитник на листата од година до денес.

Фото: Facebook