Издадена дваесеттата емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра

30

Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 8 милиони евра, со којашто ќе се обесштетат сите оние со правосилни решенија за денационализација од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници.

Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2%.

Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката коишто ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Македонската берза.

Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Фото: Freepik