Изготвена е првата анализа на Законот за сметководство на непрофитните организации

22

Во рамки на проектот Промени за одржливост финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика изготвена е првата Анализа на Законот за сметководство на непрофитните организации.

Анализата претставува основа за законски измени што ги бара Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации која брои повеќе од 70 членки. Препораките во анализата се подлога за започнување на дијалог со институциите за менување на Законот. Анализата е испратена до институциите за да им користи при дефинирањето на идните измени на Законот.

На следниве линкови можете да ја проследите Анализата на Законот за сметководство на непрофитните организации на македонски јазик и на албански јазик.