Изграден највисокиот облакодер во Хрватска

50

z5

Деновиве во Загреб е завршена изградбата на највисокиот облакодер во Хрватска. Според пишувањето на Вечерњи лист, облакодерот е висок 96,15 метри, има 25 ката и тераса на самиот врв со поглед на хрватската престолнина.

Изградбата траеше 26 месеци, а големиот деловно – станбен комплекс е инвестиција на домашната компанија VDM, во висина од 100 милиони евра.

z4

Покрај облакодерот, комплексот го сочинуваат и помал облакодер од 13 ката, две станбени згради со 111 станови и две помали деловни згради. Во внатрешноста на комплексот има сала за аеробик, сауна и сали за состаноци, презентации и прослави, приватна градинка, супермаркет, ресторани и кафулиња. Деловниот простор се изнајмува за 12,5 евра по квадрат, а становите е планирано да се продаваат по цена од 2.200 до 2.400 евра за метар квадратен.

z3

z2

z1

Фото: Даниел Касап