Изгубија милијарди поради напуштање на рускиот пазар

26

Данскиот производител на пиво Карлсберг во својот финансиски извештај за 2023 година објави дека загубил 5,47 милијарди евра поради заминувањето од рускиот пазар.

Групацијата Карлсберг ја објави својата одлука да ги продаде сите средства во Русија во март 2022 година, а во исто време ги запре инвестициите и извозот во Русија и го запре производството, продажбата и рекламирањето на брендот Карлсберг, пренесува ТАСС.

Данската компанија најави и амбициозни планови за зголемување на инвестициите до 2027 година во земји како Кина или Виетнам.

Само во 2024 година Карлсберг ќе ги зголеми инвестициите во продажба и маркетинг за повеќе од 10 проценти, пишува порталот Yahoo Finance.