Излезе е-Бонтон прирачникот за убаво онлајн однесување

54

451dc5a3-da37-4f7c-8b97-2307ca420619Проектот кој се реализираше од страна на Фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком, е-Бонтон, излезе од печат. Станува збор за првиот македонски прирачник кој содржи 100 правила за добро однесување на интернет.

За време на промотивниот период до сабота, пред книжарниците ТРИ, Табернакул, Матица и Култура, ќе биде поделена првата количина од прирачникот на случајните минувачи.

Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со првиот македонски прирачник за електронска комуникација, во кој правилата се предлози на граѓани кои сакале да одговорат на повикот на Фондацијата и да се вклучат во проектот.

Прирачникот за електронска комуникација ќе може бесплатно да се добие во сите Телеком продавници во Македонија, но во ограничен број.

Оние кои нема да успеат да дојдат до печатената верзија на овој прирачник, ќе можат истиот да го најдат во електронска верзија на сајтот на е-Бонтон: www.ebonton.mk, како и на  интернет страницата на Фондација е-Македонија, www.e-makedonija.org.mk, на веб страницата на Македонски Телеком и на порталот Идивиди.