Изменет составот на Надзорниот одбор на Развојна банка

Развојната банка на Северна Македонија доби нов состав на Надзорниот одбор, информира Македонска берза.

Според Решението на Владата од 22 јули 2025 година и согласноста на Народната банка издадена на 10 октомври, за нови членови на Надзорниот одбор на банката се именувани Тања Михајловска Димитриевска, Андриана Матлиоска, Христина Келеман и Александар Ѓорѓиевски.

Нивниот мандат ќе трае четири години, почнувајќи од 14 октомври 2025 година, кога воедно престана и мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор.