Изминатото деноноќие произведени 12.580 MWh електрична енергија

63

АД ЕСМ на 06.12.2022 година произведе 12.580 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 10.100 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.480 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.350 MWh електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.