Изминатото деноноќие произведени 17.904 MWh електрична енергија

62
АД ЕСМ на 04.01.2023 година произведе 17.904 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 8.179 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 9.725 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.000 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.