Изминатото деноноќие произведени 18.495 MWh, немаше увоз на електрична енергија од странство

20

АД ЕСМ на 10.01.2023 година произведе 18.495 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.584 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.911 MWh.

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство.