“Изнајмување“ пријател преку интернет

8

rent-a-friend

Нова интернет страница ќе им овозможи на сите жители на Австралија да си “изнајмат“ платонски пријатели, но со предупредување – без физички контакт, пишува Executive style.

Friends for hire ќе го отвори првиот конкурс во март оваа година. Ко – основачот на овој сајт, Џош Блундел одбива да каже колкави трошоци се направени за овој проект, но изјави дека заедно со неговиот партнер инвестирале “многу време и пари“, вклучувајќи ги трошоците за маркетинг кампањи.

Корисниците ќе имаат на располагање две категории. Првата е “пријатели“ коишто може да плаќаат и по 60 долари на час и “членови“ кои директно му плаќаат на својот пријател и уплатуваат неделна членарина на компанијата во износ од пет долари. Страницата веќе има 1.500 корисници кои поднеле барање за регистрација.

Големо внимание се обрнува на тоа дека не станува збор за интернет страница за зближување на луѓето како љубовници, ниту платформа за започнување романси.