Израел забрани продажбата на сајбер технологија во 65 земји

56

Израелското Министерство за одбрана го намали бројот на земји на кои израелските компании можат да продаваат сајбер технологија поради глобалните последици предизвикани од продажбата на шпионскиот софтвер Pegasus на NSO Group.

Продажбата беше забранета во 65 земји, така што на новата листа има 37 земји, а ги имаше 102, пренесува израелскиот деловен дневен весник Calcalist, пренесе „Бета“.

Земјите каде што е загрозено почитувањето на човековите права, вклучително и новите сојузници на Израел – Мароко и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се отстранети од списокот.

Ниту Саудиска Арабија ниту Мексико повеќе не се на листата.

Саудијците наводно го користеле софтверот Pegasus за да го следат новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги, кој беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.

Мексико, исто така, ја користеле технологијата за следење на новинари и активисти.

Сепак, Индија, која исто така беше обвинета дека користи технологија на NSO за следење на новинари, опозициски политичари и активисти, е на нова листа.

Овие нови правила се очекува да нанесат тежок удар на израелската индустрија за сајбер технологија, се вели во извештајот на изданието.

Групата NSO се соочи со меѓународни критики поради наводите дека им помагала на владите да шпионираат дисиденти и активисти за човекови права.

Компанијата тврди дека нејзиниот производ е наменет само да им помогне на земјите во борбата против криминалот и тероризмот.

Шпионскиот софтвер Pegasus се смета за една од најмоќните алатки за сајбер надзор на пазарот бидејќи им дава на корисниците можност да ја преземат контролата врз личноста која се следи, да ги преземат сите информации од тој телефон или да активираат камера или микрофон без корисникот да го знае тоа.

Одделот за трговија на Стејт департментот на САД пред неколку недели објави дека ја става на црната листа на NSO, забранувајќи ѝ на компанијата да има врски со американски компании поради обвинувањата дека „им дозволила на странските влади да вршат транснационална репресија“.

Во вторникот Apple ја тужеше групата NSO дека била цел на корисниците на нивните телефони и дека компанијата што го предизвикала скандалот мора да одговара.

Apple побара трајна забрана на групата NSO да користи кој било софтвер, услуга или уред на Apple, како и компензација за времето и парите потрошени да се одговори на производителот на шпионски софтвер.