Изум на шпански инженер: Машина произведува вода од воздух

76

Шпанска компанија разви систем кој вади вода за пиење од воздух во региони и земји каде што луѓето имаат проблеми со снабдувањето со вода.

“Нашата цел е да им помогнеме на луѓето. Целта е да стигнеме до места како бегалски кампови, кои немаат вода за пиење“, рече инженерот Енрике Вега (82), кој ја дизајнираше машината за време на големата суша во јужна Шпанија во 1990-те години.

Уредите направени во неговата компанија веќе прават чиста, безбедна вода за заедниците во Намибија и во либански бегалски камп.

Машините користат електрична енергија за да го разладат воздухот, додека не се кондензира во вода, користејќи го истиот метод што се случува при кондензирање во климатизерите. Додека другите генератори на вода, кои се базирани на слична технологија, бараат висока влажност и ниски температури за да бидат ефикасни, оваа машина работи на температура до 40 степени и може да издржи влажност од само 10 до 15 %.

Оваа мала машина може да произведе помеѓу 50 и 75 литри вода дневно.

Фото: Pixabay