Извесно е дека има нафта во црногорското подморје – До крајот на годината ќе се знае исплатливоста и количините

81

Извесно е дека во црногорското подморје има нафта, а најдоцна до крајот на оваа година ќе знаеме во колкави количини и колку е економски исплатлива, изјави на прес-конференција министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ.

Како што посочи, очекувањата биле информациите за наоѓалиштата на нафта и гас да бидат познати во септември или октомври, но одложувањето на роковите се должи на формацијата која барала дополнително обезбедување.

Сигурно е дека нафта има. Очекуваме дека најдоцна до крајот на годината ќе имаме сосема извесна ситуација“, изјави Бојаниќ.