Извезува ли земјава шеќер?

63

Македонија е 101-ва земја во светот по извоз на шеќер со вредност од 381.000 долари во 2019-та година или пораст од 21,3% повеќе во однос на 2018-та година.

На глобално ниво, извозот на шеќер лани достигна ниво од 19,3 милијарди долари, што е за 15,5% помалку во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Бразил доминира со удел од 27,1% и инкасирани 5,2 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници лани беа и: Тајланд (три милијарди долари), Индија (1,8 милијарди долари), Франција (960 милиони долари) и Гватемала (694,7 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Хрватска со 60,9 милиони долари, по што следат: Србија (45,6 милиони долари), Словенија (18,3 милиони долари), Бугарија (12,9 милиони долари), Грција (10,2 милиони долари) и Босна и Херцеговина (2,4 милиони долари).

Фото: Freepik