Извезуваме глувчиња, тастатури, звучници…

51
Computer keyboard isolated on white.

Извозот на додатоци за компјутери минатата година достигна вредност од 128,4 милијарди долари или 11,1% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Како најголем извозник на овие електронски додатоци е Кина со 32,4 милијарди долари или 25,3% од вкупниот извоз на глобално ниво. Меѓу петте најголеми извозници на овој вид компјутерска опрема се најдоа и: Хонгконг (24 милијарди долари), САД (16,7 милијарди долари), Јужна Кореја (11,4 милијарди долари) и Тајван (10,5 милијарди долари).

Македонија е 82-ра во светот со извезени додатоци за компјутери во висина од 692.000 долари, што е за 75,2% повеќе во однос на 2018 година.

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Словенија (41-ва со 48,2 милиони долари). Следни се: Бугарија (17,9 милиони долари), Грција (17,3 милиони долари), Србија (14,5 милиони долари), Хрватска (5,9 милиони долари) и Босна и Херцеговина (1,2 милиони долари).

Фото: Freepik