Македонија е 83-та земја во светот по извоз на клима уреди, што минатата година достигна ниво од 521.000 долари или 25,5% повеќе во споредба со 2019 година.
На глобално ниво, извозот на клима уреди во 2020 година достигна 46,2 милијарди долари, што е за 6,4% помалку одошто во 2019 година.
Кина е извозник број еден на клима уреди со 35,4% удел и заработка од 16,4 милијарди долари. Во првите пет земји што најмногу извезуваат клима уреди лани беа и: Тајланд (5,2 милијарди долари), Мексико (четири милијарди долари), САД (2,3 милијарди долари) и Германија (1,82 милијарди долари).
Од регионот, Бугарија е најголем извозник со 81,3 милиони долари, по што следат: Грција (60,2 милиони долари), Словенија (51,5 милиони долари), Хрватска (47,5 милиони долари), Србија (10 милиони долари) и Босна и Херцеговина (644.000 долари).
Фото: Pexels