Извлечен насуканиот брод во Суецкиот канал (Видео)

23

Големиот брод кој неколку часа беше насукан во Суецкиот канал е извлечен со реморкери, соопшти бродската компанија „Лет Ејџенсис“.

Бродот Xin Hai Tong 23, долг 190 метри, тргна од пристаништето Дуба во Саудиска Арабија.

Сопственик е „Xiang B12 HK International Ship Lease“, а со него управува „Tosco Keymax International Ship Management“. Ова не е прв таков случај.

Во соопштението, управата на каналот објави дека била информирана за дефект на моторот и ангажирала реморкери успешно да го влечат бродот.

Лет претходно објави на Твитер дека бродот се насука во 4 часот по локално време, попречувајќи најмалку двa  бродови.

Приближно 12 отсто од светската трговија се одвива преку Суецкиот канал, најкратката поморска рута меѓу Европа и Азија.

За време на силните ветрови во 2021 година, големиот контејнерски брод „Евер Гивен“ исто така се заглави во Суецкиот канал, што го запре сообраќајот во двете насоки шест дена и ја наруши глобалната трговија.

Минатата година, реморкерите извлекоа танкер за нафта кој кратко беше заглавен во каналот по дефект на кормилото, додека дефектот на контејнерскиот брод во каналот предизвика мали доцнења во март.