Извозот го подобри расположението на германската автомобилска индустрија

15

Подобрите изгледи за извоз го подигнаа духот на германската автомобилска индустрија. Показателот на економскиот институт Ифо во март беше највисок од мај минатата година.

Со -5,8 поени беше за 4,1 поен повеќе од февруари, покажа истражувањето на Институтот во Минхен.

„Се чини дека германската автомобилска индустрија конечно излезе од економската криза од втората половина на 2023 година и повторно гледа кон иднината со поголем оптимизам“, изјави експертот наИфо, Анита Волф, пренесува ДПА.

Одлучувачки мотор на таа промена беше подобрувањето на изгледите за иднината, кои се подобрија од -29,5 на -18,7 и повеќе не се негативни како минатата година.

Но, во тој сектор оценката за моменталната состојба благо се влоши од 11,9 на 8,1 поен.

Според институтот Ифо, очекувањата за извозот се особено оптимистички. Една од причините е веројатно позитивниот тренд во САД и Кина, кои се двата најголеми извозни пазари на германската автомобилска индустрија. Дополнително, охрабрувачки е што сега има само мали проблеми во синџирите на снабдување.