Извозот на Аргентина лани намален за 15,8%

28

Аргентина минатата година извезе производи во вредност од 54,8 милијарди долари или 15,8% помалку одошто во 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 69,7% од извозот на Аргeнтина беше насочен кон: Бразил (20,4%), Австралија (12,2%), Кина (9,7%), САД (4,4%), Виетнам (4,2%), Чиле (4,1%), Индија (2,8%), Холандија (2,5%), Индонезија (2,4%), Швајцарија (2,4%), Алжир (2,3%) и Перу (2,2%).

Аргентина има популација од 45,4 милиони жители, па со вкупен извоз од 65,1 милијарда долар, по глава жител отпаѓаат 1.200 долари.

Најголем удел во извозот на Аргентина од 16,2% имаат житарките со 8,9 милијарди долари.

Фото: Pexels