Извозот на бродови и чамци лани им донесе скоро милијарда долари

30

Извозот на Кипар минатата година достигна вредност од 3,1 милијарда долари, што претставува 13,2% помалку одошто во 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 58,7% од извозот на Кипар беше насочен кон: Грција (8,6%), Либерија (7,4%), Велика Британија (6,6%), Либија (6,1%)…

Кипар има 886.000 жители, па извозот по глава жител лани достигна 3.500 долари.

Најголем дел од извозот или 31,3% зафаќа извозот на бродови и чамци, од коишто земјата инкасираше 957,6 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозни производи лани на Кипар беа: минерални горива (495,5 милиони долари), фармацевтски производи (432,3 милиони долари), млеко, јајца и мед (306,5 милиони долари) и електрична опрема (115,3 милиони долари).

Фото: Pixabay