Извозот на домати во земјава е двојно поголем од увозот

61

Македонија во текот на 2020 година увезе домати во вкупна вредност од 4.166.000 долари или 30,2% повеќе во споредба со претходната година. Од друга страна, извозот на домати минатата година на Македонија достигна вредност од 9,8 милиони долари

На глобално ниво, увозот на домати изнесуваше 9,63 милијарди долари или 6,1% повеќе во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, увозот на САД, Германија, Франција, Велика Британија и Русија опфаќаат 65,7% од увозот на домати во 2020 година.

САД се најголеми увозници на домати во светот со 30,3% удел во вкупниот увоз. Меѓу петте најголеми увозници на домати се и: Германија (1,5 милијарда долари), Франција (719,4 милиони долари), Велика Британија (622,5 милиони долари) и Русија (525,1 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник е Бугарија (23-та) со 60,5 милиони долари. Потоа следат: Србија (28,7 милиони долари), Словенија (17,8 милиони долари), Хрватска (13,6 милиони долари), Грција (12,3 милиони долари), Босна и Херцеговина (9,4 милиони долари) и Црна Гора (4,5 милиони долари).

Фото: Pexels