Извозот на еврозоната се зголеми во декември

29

Извозот на стоки во еврозоната се зголеми за 2,3% на годишно ниво во декември на 190,7 милијарди евра, што е прво зголемување од февруари 2020 година, според прелиминарните податоци на Евростат.

Од друга страна, увозот на стоки во еврозоната од остатокот од светот изнесува 161,5 милијарди евра, што претставува пад од 1,3% во споредба со декември 2019 година.

Во цела 2020 година, извозот на стоки од еврозоната падна за 9,2% во споредба со претходната година, на 2,13 трилиони евра, додека увозот падна за 10,8% на 1,89 трилиони евра.

Што се однесува до Европската унија, првите проценки на Евростат покажуваат дека во декември биле извезени стоки во вредност од 174,9 милијарди евра или 1,5% повеќе отколку во споредливиот месец 2019 година. Во исто време, увозот изнесува 144,8 милијарди евра, што е за 3,6% помалку отколку во декември претходната година. Суфицитот се зголеми на 30,1 милијарди евра од 22,1 милијарди евра во декември 2019 година.

Трговската размена во рамките на ЕУ порасна за 3,8% на годишно ниво, на 235,1 милијарди евра во декември 2020 година.

Во периодот јануари-декември минатата година, извозот на ЕУ падна на 1,93 трилиони евра или за 9,4% од претходната година, а увозот падна за 11,6% на 1,71 трилиони евра.

Фото: Pixabay