Извозот на гас на Газпром во Европа во мај се зголеми за 39 отсто

Рускиот енергетски гигант Газпром во мај извезол во Европа 89,5 милиони кубни метри гас, што е за 39 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Како што јави Ројтерс, извозот на гас на Гаспром во Европа се зголеми за 7,3 отсто во однос на април.

„Газпром“ престана да објавува податоци за извозот од почетокот на 2023 година, па британската агенција ги пресмета овие бројки врз основа на дневните извештаи за транзитот на руски гас преку Украина и податоците на европскиот оператор за гас „Ентсог“.