Извозот на гас во ЕУ годинава е помал за 50 милијарди кубни метри

63

Извозот на руски гас во Европа годинава ќе биде за 50 милијарди кубни метри помалку, изјави денеска вицепремиерот на Русија Александар Новак на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО).

Минатата година во Европската унија беа извезени околу 150 милијарди кубни метри руски гас, потсетува Ројтерс.

Пред почетокот на војната во Украина, Русија обезбедуваше околу 40 отсто од гасот на ЕУ, а тој удел се намали на 9 отсто откако Москва го прекина снабдувањето со Европа, наведувајќи го недостатокот на технички способности предизвикани од западните санкции.