Извозот на Германија лани намален за 7,3%

22

Најмоќната европска економија, Германија во текот на минатата година оствари извоз во вредност од 1.378 милијарди долари, што е за 7,3% помалку одошто во 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 66% од извозот на Германија беше насочен кон: САД (8,6%), Кина (8%), Франција (7,5%), Холандија (6,5%), Велика Британија (5,5%), Полска (5,4%), Италија (5%), Австрија (4,8%), Швајцарија (4,7%), Белгија (3,6%), Чешка (3,3%) и Шпанија (3,1%).

Еден од најсилните извозни адути на германската економија се возилата, чија вредност лани достигна 122,2 милијарди долари или 14,8% помалку одошто во 2019 година. Земјата во текот на ланската година извезе и делови и додатоци за автомобили во вредност од 54,2 милијарди долари или 12,7% помалку одошто во 2019 година.

Фармацевтската индустрија беше меѓу оние сектори со најголем раст меѓу извозните категории, забележувајќи раст од 8,2% во 2020 година.

Фото: Pixabay