Извозот на Германија во САД и Кина забележа пораст во април, покажуваат прелиминарните податоци, одразувајќи ги тешките последици од првиот бран на пандемијата во трговската размена на земјата.
Извозот во САД, што е најголем пазар на Германија надвор од Европската унија, во април се зголеми за 60,4% во однос на истиот период лани, на 10,1 милијарда евра.
Извозот во Кина, што е втор најголем извозен пазар на најголемата европска економија, порасна за 16,3% на 8,4 милијарди евра.
Во исто време, Германија има голем пораст и на извозот во Велика Британија и тоа за 5,1 милијарда евра.
Извозот на Германија во сите земји надвор од Унијата е зголемен за 35,6% на 50,8 милијарди евра.
Фото: Pexels