Извозот на козметички производи на Франција ѝ донесе 10 милијарди долари

39

Франција минатата година беше извозник број еден кога станува збор за козметички производи, благодарение на продажбата на странски пазари во висина од 10 милијарди, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, извозот на козметички производи лани достигна вредност од 62,3 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на козметика во светот се најдоа и: Сингапур (6,3 милијарди долари), САД (6,1 милијарди долари), Јужна Кореја (5,3 милијарди долари), Јапонија (4,4 милијарди долари), Германија (3,8 милијарди долари), Хонг Конг (3,1 милијарди долари), Кина (2,8 милијарди долари), Италија (2,3 милијарди долари) и Велија Британија (2,3 милијарди долари).

Фото: Pixabay