Извозот на лубеници им донесе пола милијарда долари

66

Шпанија е најголем извозник на лубеници во светот, со вкупен удел на светскиот пазар со 27,43% во 2020 година и заработка од 508,8 милиони долари, што е за 9,18% повеќе одошто во 2019 година.

На второ место по извоз на лубеници лани беше Мексико со заработени 298,9 милиони долари или 21% помалку во спроредба со една година претходно. САД се најдоа на трето место со извезени лубеници во вредност од 150 милиони долари, што е за 17,78% повеќе во споредба со 2019 година.

Меѓу 10-те најголеми извозници на лубеници лани беа и: Италија (128 милиони долари), Мароко (110 милиони долари), Холандија (97,2 милиони долари), Бразил (73 милиони долари), Грција (63,9 милиони долари), Мјанмар (57,4 милиони долари) и Коста Рика (51,5 милиони долари).

Фото: Pexels