Извозот на нафта од Русија се искачи на највисоко ниво во април

33

Извозот на руска нафта се зголеми во април на највисоко ниво од избувнувањето на војната во Украина, со што се зголемија приходите за 1,7 милијарди долари и покрај санкциите на Западот.

„Русија можеби го зголемува производството за да го надомести изгубениот приход“, додадоа претставници на Меѓународната агенција за енергија во нивниот месечен извештај за нафтениот пазар, објави Данас.

Приходите на земјата од извозот на нафта се зголемија за 1,7 милијарди долари на 15 милијарди долари во април. Бројката, сепак, е за 27 отсто помала во споредба со истиот месец во 2022 година.

Даночните приходи на Русија од нејзиниот сектор за нафта и гас се намалени за 64 отсто во споредба со претходната година.