Извозот на не’рѓосувачки челик лани зголемен за над 45%

40

Извозот на не’рѓосувачки челик минатата година достигна 2,8 милијарди долари, што е за 45,6% повеќе во однос на 2019 година, а дури 127,3% повеќе во споредба со 2016-та година.

Индонезија лани беше најголем извозник, покривајќи 59,2% од вкупниот извоз, што на земјата ѝ донесе 1,6 милијарди долари. Оваа земја извозот на не’рѓосувачки челик во 2020 година го зголеми за 296,5%.

Меѓу петте најголеми извозници на не’рѓосувачки челик во 2020 година беа и: Велика Британија (326 милиони долари), Шведска (143,4 милиони долари), Австрија (72,4 милиони долари) и Италија (70,2 милиони долари).

Од земјите од регионот, извозници на овој вид на челик се најдоа: Словенија (5,3 милиони долари), Хрватска (862.000 долари), Србија (763.000 долари) и Бугарија (58.000 долари).

Фото: Pixabay