Извозот на овој зеленчук на Мексико му донесе две милијарди долари, а нас 11,5 милиони долари

127

Од девет милијарди долари извезени домати во 2019-та година, нешто повеќе од две милијарди долари или 24% од вкупниот извоз му припаѓа на Мексико, покажуваат податоците на World’s top exports.

Како најголеми извозници на домати во светот се и: Холандија (две милијарди долари), Шпанија (1,1  милијарда долари), Мароко (765 милиони долари) и Франција (381 милион долари).

Од регионот, лани најголем извоз на домати имала Албанија со 28,4 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (12,4 милиони долари), Грција (12,1) Македонија со (11,5 милиони долари). После нас се: Хрватска (6,3 милиони долари), Србија (5,2 милиони долари) и Босна и Херцеговина (121.000 долари).

Фото: Pixabay