Извозот на пластични предмети лани ни донесе 3,4 милиони долари

42

Македонија во текот на минатата година извезе производи од пластика во вредност од 3.451.000 долари, што е за 14% помалку во споредба со 2019 година година, со што земјава е 85-та во светски рамки.

Глобалниот извоз на предмети од пластика во 2020 година беше на ниво од 85,3 милијарди долари.

Кина го има најголемиот удел во извозниот “колач“ од 33,9% и заработка од 28,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на пластични предмети се и: Германија (9,5 милијарди долари), САД (6,6 милијарди долари), Италија (3,1 милијарда долари) и Франција (2,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Словенија има најголем извоз на пластика и тоа во вредност од 324 милиони долари. Потоа се: Бугарија (101,5 милиони долари), Грција (59,7 милиони долари), Србија (48 милиони долари), Хрватска (43,7 милиони долари), Босна и Херцеговина (18,2 милиони долари) и Албанија (3,5 милиони долари).

Фото: Pixabay