Извозот на производи од почетокот на годината бележи раст од 18,5%

4

Извозот на производи од Македонија од почетокот на годината бележи раст од 18,5%. Најмногу се извезувале катализатори, феросилициум, фероникел, сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, валани производи и облека. Меѓу земјите каде најмногу се извезувало се Германија,  Грција, Србија, Бугарија и Италија.

Извозот бележи раст во сите пет месеци годинава. Во јануари растот е 4%, во февруари 22,3%, во март 21,4%, април 9,2 %и во мај 27,9%.

Вкупниот извоз во првите пет месеци изнесува 1.946.119.000 долари. Од вкупниот извоз 423.844.000 долари се вредност на извезени хемиски и сродни производи, 398.547.000 на машини и транспортни уреди, 392.361.000 на производи класирани според материјалот, 371.679 разни готови производи, 144.272.000 се храна и живи животни итн.

Над половина, односно 52,7% од производите од Македонија се извезуваат во Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Кон Германија вредноста на извозот е 813.694.000 долари, Бугарија 132.478.000 долари, Италија 128.378.000, Србија 102.491.000 и Грција 96.414.000 долари. Извозот на производи од Македонија од почетокот на годината бележи раст од 18,5 %.

Извозот од зоните во првите шест месеци изнесува над 550 милиони евра и повеќе од двојно е зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година.

Директорот на Дирекцијата за индустриско – развојни зони Виктор Мизо изјави дека ова пред се се должи на фактот што има нови компании кои се функционални и кои во тој период минатата година се уште не работеа.

“Пред се тука е Ван хул во Скопје 2, тука е Џонсон Контролс во Штип и втората фаза на Џонсон Мети во Скопје 1, но истовремено и многу поголем обем на производство на Кемет во првото полугодие од оваа година во споредба со минатата година“, изјави Мизо, објави Миа.

Истакна дека само Џонсон Мети секој месец го зголемува своето производство и го руши својот рекорд од претходниот месец во однос на извозот, како најголем извозник.