Извозот на руска нафта скокна пред ембаргото на Европската унија

63

Извозот на руска нафта по морски пат се зголеми во текот на изминатиот месец бидејќи земјите побрзаа да складираат залихи пред ембаргото на Европската унија за увоз на тој извор на енергија од Русија, кое стапува на сила во декември, пишува Блумберг, повикувајќи се на податоци за следење на танкерите за нафта.

Турција, Индија и Кина ги засилија своите купувања на руски барели во последните четири недели до 14 октомври, според извештајот на агенцијата со седиште во Њујорк.

За скокот на извозот придонесоа зголемените испораки во Европа, бидејќи земјите во тој регион се чини дека сакаат да ги пополнат своите складишни капацитети пред 5 декември, кога стапува на сила ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта по морски пат, пишува „Блумберг“.