Извозот на руски гас во 2022 година падна за 25 отсто

23

Извозот на руски гас минатата година падна за 25 отсто, изјави вицепремиерот на руската Влада Александар Новак. Според него, падот на извозот се должи на одбивањето на европските земји да купат руски гас и саботажа на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2.
Како што шпанската новинска агенција EFE ги резимира неговите зборови за специјализираното списание Energy Policy, минатата година Русија го намали извозот на гас на 184,4 милијарди кубни метри, додека во исто време го зголеми снабдувањето со Кина за 48 отсто, односно „највисокото во историјата“, за што беа испумпани 15,4 милијарди кубни метри природен гас.

Како резултат на руската агресија врз Украина, меѓународната заедница воведе бројни санкции кон Русија во последната година, меѓу чии последици беше и падот на извозот на руски гас во Европа. Најголемата земја во светот тогаш го зголеми извозот на гас во Кина.

Извозот на јаглен е намален за 7,5 отсто, а вкупното производство, пак, се зголеми на 443,6 милиони тони.

Како што истакна Новак, Русија извезла 16,7 милиони тони јаглен во Индија, што е 2,5 пати повеќе од претходната година, а во Кина 59,6 милиони тони јаглен или 11,2 отсто повеќе.

Земјата ќе продолжи да се фокусира на азиско-пацифичкиот регион во иднина.