Извозот на руски гас во Европа преку Турски тек се зголеми за 7,3 проценти во првата половина од годинава

Извозот на руски гас во Европа преку гасоводот Турски тек се зголеми за 7,3 проценти на годишно ниво во првата половина од 2025 година на 8,3 милијарди кубни метри (bcm), според пресметките објавени денес од агенцијата ТАСС врз основа на податоци обезбедени од Европската мрежа на оператори на системи за пренос на гас (ENTSOG).

Во јуни, извозот на руски гас во Европа преку Турски тек се намали за 21 процент месечно, а за четири проценти годишно, на 1,13 милијарди кубни метри поради годишните планирани работи за одржување на овој гасовод.

Гасоводот што оди од Русија до Турција преку Црното Море, со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас, беше дизајниран да снабдува гас за Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа, а денес претставува единствена активна рута за испорака на руски гас во Европа.