Извозот на швајцарски часовници во САД во април се зголеми за дури 149 проценти на годишно ниво

Извозот на швајцарски часовници во Соединетите Американски Држави во април се зголеми за дури 149,2 проценти на годишно ниво поради стравот од понатамошно зголемување на царините од страна на Трамп, објави Федерацијата на швајцарската индустрија за часовници (FH).

Вкупната вредност на извозот на швајцарски часовници се зголеми во април на 18,2 проценти на годишно ниво, на 2,5 милијарди франци.

Швајцарија во април извезе часовници во вредност од 851,9 милиони франци во САД, што претставува една третина од вкупниот извоз на часовници, додека извозот во Кина се намали за 30,5 проценти на годишно ниво.