Извозот на услуги од ЕУ се врати на нивоата пред пандемијата

63

Во 2021 година, земјите-членки на Европската унија извезоа услуги во вредност од 1.027 милијарди евра во земји надвор од ЕУ, што претставува зголемување од 13 отсто во споредба со 2020 година (910 милиони евра), покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

Влијанието на корона кризата во 2020 година доведе до значителен пад на вредноста на извозот од ЕУ (-15 проценти во споредба со 2019 година) и увозот (-14 проценти), но имаше итно закрепнување на извозот од ЕУ во 2021 година, кој речиси се врати до нивоа пред пандемијата.

Од друга страна, увозот во ЕУ порасна со скромно темпо во 2021 година, достигнувајќи 894 милијарди евра, што е зголемување од два отсто во споредба со 2020 година.

Како резултат на тоа, Евростат посочува дека трговскиот суфицит на ЕУ за услуги достигна 133 милијарди евра, блиску до највисокото ниво регистрирано во 2018 година.

Во текот на последната деценија, трговскиот биланс на услуги на ЕУ порасна од 99 милијарди евра во 2011 година на врвот од 134 милијарди евра во 2018 година, пред да падне на 33 милијарди евра во 2020 година.