
Земјите од Европската унија извезоа услуги во вредност од 1,427 милијарди евра во земји надвор од ЕУ во 2023 година, што е за два отсто повеќе од претходната година, објави Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ соопшти дека во истиот период увозот од земји надвор од Европската унија изнесува 1,274 милијарди евра, што е за четири отсто помалку.
Од горенаведеното произлегува дека Европската Унија во 2023 година забележала позитивен трговски биланс на услуги од 153 милијарди евра, што е втор најголем износ од 2010 година, по рекордните 181 милијарда евра во 2022 година.