Извозот од Кина продолжи да паѓа

27

Извозот од Кина продолжи да паѓа во декември, бидејќи глобалната побарувачка почна да паѓа, додавајќи го притисокот врз економијата која се бори брзо да закрепне од кризата со коронавирус.

За 9,9 отсто падна извозот во американски долари во декември минатата година, соопшти Генералната управа на Царината. Тоа ја надмина проценката на економистите за пад од 11,1 отсто, во споредба со падот од 8,7 отсто во претходниот месец. За цела година извозот пораснал за седум отсто, на рекордни 3,6 милијарди долари, пишува Блумберг.

Увозот е намален за 7,5 отсто, што е подобро од просечната проценка од 10 отсто. Тоа доведе до трговски суфицит од 78 милијарди долари, покажаа податоците.

За цела година, Кина сè уште имаше трговски суфицит од 878 милијарди долари, што е рекордно високо ниво.

„Слабеењето на глобалната побарувачка и бранот епидемии на „Ковид-19“ веројатно придонесоа за пад на извозот во декември“, рече Џанг Живеи, претседател и главен економист во „Пинпоинт Асет Менаџмент“.

„Слабиот раст на извозот ја нагласува важноста од зајакнување на домашната побарувачка како клучен двигател на економијата во 2023 година“, вели Џиви.

Растот на извозот беше силен во поголемиот дел од 2022 година, поддржувајќи ја втората по големина економија во светот бидејќи беше погодена од падот на пазарот на домување и слабата побарувачка на потрошувачите.

Сепак, трендот почна да се менува во октомври кога побарувачката почна да се намалува, а централните банки ширум светот ги зголемија каматните стапки за да ја спречат зголемената инфлација. Прекинот од појавата на коронавирус во Кина, исто така, ги потресе синџирите на снабдување, што влијаеше на извозот.