Извршниот директор на Binance предупредува дека крипто кризата не е завршена

172

Извршниот директор на Binance Чангпенг Жао ги предупредува инвеститорите дека брзиот пад на FTX не е последен за пазарот на дигитални валути.

Кога неговиот главен ривал, FTX, беше во неволја и се соочи со сериозни проблеми со ликвидноста, Жао накратко се вклучи и понуди да го спаси  со тоа што ќе го купи.

Но, помалку од еден ден откако Жао го спроведе првичниот длабински преглед на FTX предводен од Сем Банкмен Фрид, чија вредност беше 15,6 милијарди долари на 7 ноември, според индексот на милијардери на Блумберг, договорот беше откажан.

Брзото пропаѓање на FTX доведе до тоа компанијата да поднесе барање за банкрот на Поглавје 11 на 11 ноември, а Фрид,  поднесе оставка како извршен директор.

Жао предупреди дека пазарот на криптовалути од 1.000 милијарди долари се соочува со криза.

Колапсот на FTX е првиот од многуте, и повеќе крипто компании би можеле да следат слична судбина, рече тој.

„Со падот на FTX, ќе видиме каскадни ефекти“, рече Жао на конференција во Индонезија.

Вестите за неуспехот на другите крипто компании ќе се појават наскоро, рече тој.