Извршниот директор на Фолксваген: Предлозите на синдикатот за намалување на трошоците не се доволни

11

Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, денеска изјави дека предлозите на синдикатот за намалување на трошоците се почетна точка за преговори, но дека тие во никој случај не се доволни за решавање на проблемите на компанијата.

„Ние, менаџментот, не работиме во свет на фантазии. Носиме одлуки во средина што брзо се менува. Загрижени сме за иднината на нашата компанија“, им рече Блуме на илјадници работници собрани на собранието во Волфсбург.

Претседателката на работниот совет на Фолксваген, Даниела Кавало, предупреди дека работниците ќе мора да направат болни компромиси за да ги прекинат преговорите со раководството до Божиќните празници, пренесува Блумберг.

Фото: Pixabay