Извршниот директор на Луфтханза се сели во фармацевтскиот гигант Рош

29

kristof francИзвршниот директор на германската авиокомпанија Луфтханза (Lufthansa), Кристоф Франц (53), ќе се повлече од функцијата со истекот на неговиот договор во мај 2014 година, за да го предводи управниот одбор на фармацевтската група Рош (Hoffmann-La Roche), пренесува АФП ​​повикувајќи се на соопштение на компанијата.

“Кристоф Франц ја информира Луфтханза дека нема да и биде на располагање за продолжување на неговиот договор како претседател на Извршниот совет и извршен директор”, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Од Рош наведуваат дека Франц бил предложен да го наследи Франц Хумер (67), кој планира да се пензионира на почетокот на следната година.

Пред да дојде на чело на Луфтханза, Франц ја предводеше Swiss International Air Lines.