Извршниот директор на Роснефт: Русија е Ноевата арка на светската економија

102

Извршниот директор на Роснефт Игор Сечин оцени дека Русија може да ги задоволи долгорочните светски потреби за енергетски ресурси, нагласувајќи дека во сегашните услови Русија претставува Ноевата арка на светската економија.

„Русија, со својот енергетски потенцијал и портфолиото на проекти од прва класа,  може да ги задоволи долгорочните потреби на светот за достапни енергетски ресурси и несомнено го претставува овој спас“, рече Сечин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург,  пренесе Спутник.

Игор Сечин објасни дека веќе има забележливо придвижување кон нова конфигурација на пазарот на нафта каде што се формираат два вида цени: за пријателските земји – фер пазарна цена, а за непријателските земји – се додава премија на цената.