Извршните директори на Pfizer, BioNTech и Moderna станаа милијардери

114

Алберт Бурла од Pfizer, Угур Шахин од BioNTech и Стефан Бeнсел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните две години благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите поттикнати од ентузијастичките инвестиции во фармацевтските компании кои работеа на развој на лекови и вакцини против вирусот Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс.

Цените на акциите на Pfizer се зголемија за 60 отсто во последните две години. Вредноста на BioNTech е зголемена три пати, а Modernа пет пати.

Извршните директори Бенсел и Шахин на хартија станаа милијардери благодарение на акциите што ги поседуваат во компаниите Moderna и BioNTech. Бенсел има 7,8 отсто од акциите во Модерна, со проценета вредност од 7,8 отсто. Шахин поседува 17,1 отсто од BioNTech, во вредност од 7,8 милијарди долари.

Вакцините развиени од BioNTech и Pfizer им донесоа на компаниите приход од 37,5 милијарди долари минатата година, додека Moderna оствари приход од околу 17 милијарди долари, според компанијата за обработка на податоци Airfinity.

Анализата на бонусите за производителите на вакцини mRNA во 2020 и 2021 година покажува дека извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, имал најголема добивка за време на пандемијата. Тој во овој период заработил 45,3 милиони долари бонуси, што е значително зголемување во однос на 27,7 милиони долари што ги добил во периодот 2018-2019 година, кога дошол на позицијата извршен директор.