Извршните директори во Америка заработуваат 196 пати повеќе од нивните вработени

Шефовите отсекогаш заработувале повеќе пари од работниците, но јазот меѓу извршните директори и вработените станува сè поголем, пишува CNN, илустрирајќи ги резултатите од анализата на Equilar и The Associated Press.

Директор од средно ниво во S&P 500 бил платен 196 пати повеќе од просечниот вработен минатата година, што е повеќе од 185 една година порано.

Проширувањето на јазот е поттикнато од фактот дека платата на извршниот директор – која е тесно поврзана со цените на акциите – расте значително побрзо од платата на вработените.

Така, просечниот вкупен надоместок за извршните директори на S&P 500 (вклучувајќи награди за акции) се искачи на 16,3 милиони американски долари во гореспоменатата година, што е значително зголемување од 12,6 проценти, во споредба со само 0,9 проценти во 2022 година.

Си-Ен-Ен јавува дека и работниците заработувале повеќе, но со побавно темпо. Просечниот вработен во S&P 500 заработил 81.467 долари минатата година, што е за 5,2 отсто повеќе од 2022 година, се вели во извештајот.

Тоа значи дека годишното зголемување на платите изнесувало околу 4.300 долари за работниците, а за извршните директори дополнителни 1,5 милиони.

Анализата покажа и голема промена во однос на 2021 и 2022 година – платите растат побрзо од цените, но работниците сè уште страдаат од кумулативното влијание на тригодишната висока инфлација.